Украинско воено беспилотно летало се урна во зграда во Москва, откако беше соборено од системиte за противвоздушна одбрана во најновиот напад на руската престолнина со беспилотни летала



.Руското Министерство за одбрана објави дека бил соборен дрон кој ноќва требаше да нападне цели во главниот град.

Дронот беше пресретнат и соборен од противвоздушна одбрана околу 4 часот по московско време.

Според податоците на московската служба за итни случаи, како последица од падот на дронот, е регистрирана штета во еден од павилјоните на „Експоцентар“ во центарот на Москва.

Воздушниот простор во близина на аеродромот Внуково, кој се наоѓа во југозападниот дел на руската престолнина, е затворен за сообраќај на авиони.

Москва и нејзините околни области беа цел на чести напади со беспилотни летала во последниве недели, вклучително и два напади со беспилотни летала над финансискиот кварт на Москва, при што беше предизвикана штета на фасадите на високи згради.

Во мај беа соборени дронови во близина на Кремљ.