Мицковски: „Како до сега“ е планот ако нема 2/3 за уставни измени

Новинарот Ивор Мицковски реагира на апелот на премиерот да се обезбеди двотретинско мнозинство за да поминат уставните што, според Ковачевски е потребно за интеграции, а не за опстанок на оваа Влада.



„Ковачевски не одговорил каков е планот ако не најдат 2/3 мнозинство.

КАКО ДО СЕГА е планот, мора ли да се повторуваме, овде живее богот на незнаењето и некреативноста“ – вели Мицковски во објава на Фејсбук.

Во уште една објава на оваа тема, Мицковски вели:

„Ај оние претходните уставните измени ги водеа со лажги и поткуп, закани и уцени.

Овие ги водат со лажги, поткуп меѓу себе самите, училишни табли, писма до пратеници и слики со амбасадори.

Има нешто опасно глупо во процесот“.