„Преамбулата на Уставот на * Македонија е претворена во спортско игралиште, на кое секој може да шутира кај ќе посака. Со уставните промени се предложува во преамбулата на Уставот да се најдат уште 6 национални малцинства: Бугари, Хрвати, Црногорци, Словенци, Евреи и Египќани, кои вкупно бројат 9.387 лица. Ќе здобијат уставно-правен статус како и Албанците, кои ги има 509.083 во *Македонија. Желбата и барањето на Бугарија да влезат и Бугарите во Уставот е легитимна и за тоа нема што да се разговара, ниту да се оспорува. Но, со промената на Уставот треба и на Албанците да им се обезбеди статус не како национално малцинство, туку како државотворен народ, исто како и Македонците.“ – вели Махи Несими, поранешен амбасадор на Македонија во Хрватска, публицист и политички аналитичар, во својата колумна со наслов „Бугарите одат напред – Албанците се во длабок сон“. Колумната ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија – ИНА.
Во иднина ќе се предизвикуваат меѓуетнички искричења, но не македоно-албански, туку албанско-словенски.
Покрај другото, во колумната Несими пишува: Многубројните крадци на власт, посебно оние албанските, воопшто не ги интересира статусот на Албанците. Уставно-правната позиција во која се наоѓаат Албанците е неповолна и таа треба да се подобри. Работите околу уставните промени видно напредуваа, но со промените во преамбулата треба и на Албанците да им се обезбеди статус како државотворен народ.
Од првиот устав на Македонија од 1991 година статус како национално малцинство имаат само Албанците и Турците. Со Уставот од 1991 година, за кој албанските пратеници не гласаа, дел на преамбулата станаа и Ромите и Власите, што беше всушност навреда за Албанците. Уставно-правната позиција на Албанците не се подобри воопшто ниту по оружениот судир во 2001 година.
Македонците се државотворни, а Албанците се национално малцинство
Со промените на Уставот по 2001 година Македонците остануваат и натаму единствениот државотворен народ. Во втората категорија се Албанците и другите како национални малцинства.
Република Бугарија пројавува упорност и агресивност во определбата граѓаните на Македонија од бугарска национална припадност да бидат внесени во преамбулата на Уставот. Албанските политичари со слоганот „Европски фронт“ организираат политички собири, на кои изнесуваат дека неподдржувањето да се внесат Бугарите во Уставот е противзападен став. Но, дали имаат и Албанците некакви свои барања?
Желбата и барањето на Бугарија е легитимна и за тоа нема што да се разговара, ниту да се оспорува. Но, во целава оваа бркотница што ќе биде во државата се здобива впечатокот дека Албанците воопшто не се заинтересирани за новите околности, кои ќе се создадат, ниту се обидуваат да ги унапредат својот уставно-правен статус, да се оствари нивната дамнешна желба – да здобијат статус како државотворен народ.
Во Студеничани и Батинци има Албанци по бројка отколку шесте малцинства, што ќе влезат во преамбулата на Уставот
Со уставните промени се предложува во преамбулата на Уставот да се најдат уште 6 национални малцинства: Бугари, Хрвати, Црногорци, Словенци, Евреи и Египќани. Сите тие бројат 9.387 лица и учествуваат со 0,5 отсто во структурата на населението, според најновиот попис. Се случува апсурд: овие шест етнички групации со вкупно 9387 лица уставно-правно според статусот ќе се изедначат со Албанците, кои ги има во Уставот 509.083 лица. Само во двете села Студеничани и Батинци со вкупно 15.271 жители, има 11.919 Албанци, односно повеќе отколку овие шест новопредложени етнички групации да влезат во Уставот.
Преамбулата на Уставот на * Македонија е претворена во спортско игралиште, на кое секој може да шутира кај ќе посака. Како инаку да се разбере одлуката за вклучување на Евреите во Преамбулата, кога се знае дека има само 66 граѓани, кои му припаѓаат на ова малцинство? Кој е критериумот, за да биде едно национално малцинство вклучено во Преамбулата? Што се однесува до критериумите, имаме работа со груб волунтаризам на оние, кои ги водат активностите за промена на Уставот.
Албанските политички партии многу лесно се согласуваат со сè, што предложуваат, што бараат, или што наметнуваат другите, особено претставниците на ЕУ и САД. Но, тие партии воопшто не ги земаат предвид интересите и најголемите потреби на нивните гласачи – Албанците.





