Телеком ќе тужи поради штетата, а за корисниците по 10 GB интернет

Телеком ќе додели 10 GB интернет на корисниците поради што имаа пречки во услугите. Утринава биле оштетени главните магистрални оптички кабли биле во Кумановскиот и во Струмичкиот регион.
– Поради ова, Македонски Телеком ќе ги преземе сите потребни активности за поведување постапка пред надлежните органи против лицата одговорни за штетниот настан. Бараме од сите изведувачи на градежни работи да работат совесно и внимателно, затоа што предизвикуваат штета на сите граѓани, односно нашите корисници, кои остануваат без неопходните комуникациски услуги. Санирањето на вакви големи штети подразбира повеќечасовно работење на терен, но нашите тимови интензивно работеа и за краток временски период услугите се повторно достапни. И покрај тоа што станува збор за прекин предизвикан од трети страни, како одговорна компанија која се грижи за задоволството на своите корисници, на сите наши приватни и деловни корисници им доделуваме 10 GB мобилен интернет до крајот на месец август 2023 година.