Ако нема плата, од утре нема да возат автобусите на ЈСП. Вработените бараат исплата на јулската плата и средба со Арсовска, во спротивно најавуваат дека утре повторно ќе излезат на протести.
Од Синдикатот на јавното претпријатие, иако поминал законскиот рок, тие, како што велат, уште немаат добиено плата за јули.
Ова е вторпат во мандатот на Арсовска вработените на ЈСП да штрајкуваат.
Минатата година во октомври Скопје остана без јавен превоз откога шоферите излегоа на штрајк и престанаа да возат оти немаа исплатена плата.






