Професорката Мирјана Најчевска реагира на ставовите, почнувајќи од министеркта за труд и социјална политика до експерти, со кои цврсто ја бранат позицијата дека не може да има линеарно зголемување на пензиите и повисока минимална пензија достојна за живот.
„Одеднаш се појавија 100 објаснувања зошто пензионерите треба да преживуваат наместо да живеат,
ама не се појави ниту едно објаснување зошто функционерите си покачуваат плати, банките вадат екстра профит, пратениците се расфрлаат со патни трошоци, се плаќаат казнени пенали за изградени и неизградени патишта и објекти“, пишува Најчевска на Фејсбук…







