Градоначалникот на Чаир и потпретседател на ЗЕЛС, Висар Ганиу за ТВ21 изјави дека не верува дека советниците Албанци би имале храброст да гласаат за враќање на старото име на преименуваната улица „Адем Демачи“ во старото „Втора мекедонска ударна бригада“.
Изјавата доаѓа како одговор на иницијативата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска поднесена до Советот на Град Скопје, за отстранување на името на улицата „Адем Демчаи“ и враќање на старото име.
Ганиу смета дека за да помине ова, мора да има двојно гласање, односно да гласаат и советниците Албанци.
„Се подразбира дека овие измени мора да се случат во Советот на Град Скопје и мора да бидат одобрени со двојно гласање. Со Бадентеровиот принцип.
Мислам иницијативата е започната, но дали целта на г-ѓа Арсовска може да се постигне е знак прашалник затоа што знаете, за да се направи мнозинство на Бадентер, мора да гласаат и советниците Албанци. Такво нешто, не верувам дека во овие времиња, во денешно време, некој ќе гласа против името на Адем Демачи“, порача Висар Ганиу за ТВ.21.






