Директорот на ФЗОМ си поднесе оставка

Со цел да се посвети на партиските предизвици во ДУИ, Фатон Ахмети поднесе оставка од функцијата генерален директор на Фондот за здравствено осигурување.
„Почитувани граѓани, Почитувани соработници и сопартијци,
Ве известувам дека, денеска, поднесов оставка од функцијата Генерален Директор на Фондот за Здравствено Осигурување на .
Ви благодарам за поддршката и плодната соработка при извршување на ова функција. Мојот ангажман ќе го продолжам фокусирајќи се на партиските задачи, со максимална посветеност во реализација на визијата на Али Ахмети“, објави тој на социјалните мрежи.
Ахмети заедно со Магдалена Филиповска-Грашкоска беа двајцата истовремени генерални директори на здравствениот фонд. Ќе остане запаматен по тоа што годинава за време на сајбер нападот на ФЗОМ беше на одмор поради партиско учество на настан во САД.