Пензионерите бараат зголемување на примањата, министерката за труд вели дека тоа било неуставно и неправедно

Со добра, методологија, може да им се излезе во пресрет на пензионерите за линеарно зголемување на нивните примања, но мора да се внимава на монетарната политика, односно да се согледаат сите параметри на државната каса. Ова за Алфа го изјави универзитетскиот професор Јован Шоповски, кој вели дека барањата на пензионерите се издржани, зашто инфлацијата веќе им ги излеа и онака ниските примања. Линеарното зголемување од 3.500 денари во време на криза е и повеќе од потребно, зашто поголемиот дел од 330-те илјади пензионери во Македонија, едвај крпат крај со крај.



  • Ако дојде до промена на моделот, ќе дојде и до законски измени. Е сега носењето на вакви мерки можат да имаат далекосложни последици и во другите економски текови, и затоа сето ова мора да е во согласност со монетарната политика и со мерките на Народна Банка за намалување на инфллацијата, и затоа сето тоа треба да подлежи на една анализа. Знаеме дека имавме галопирачка инфлација, и затоа мора да се размисли за да им се помогне на пензионерите за да живеат понормално, вели меѓу другото за Алфа универзитетскиот професор Јован Шоповски.

Според министерката за труд и социјала, Јованка Тренчевска, барањата на пензионерите биле неуставни и неправедни. Рече дека со евентуално зголемување на пензиите за 3.500 денари, фискалните импликации за државата би биле големи. Тоа, според министерката, би довело од преоптоварување на Фондот за пензинско осигурување и во прашање би ја довело стабилноста на целиот пензиски систем.  

На големиот масовен протест кој се одржа во Скопје, пензионерите побараа усогласување на пензиите согласно пресметката на Државната статистика во ноември 2021, како и минималната пензија да биде 18.000 денари, и веднаш да се укине Сојузот на здружение на пензионери, зашто им ги злоупотребувал нивните членарини.

Изминатиот период, пензионерите протестираа во своите градови изразувајќи незадоволство од одлуката за 6 процентно зголемување на пензиите.