Британските служби уапсиле тројца Бугари кои се осомничените за шпионажа во корист на Русија. Тие биле приведени по голема безбедносна истрага во Обединетото кралство и се соочуваат со долгогодишни затворски казни.
Бугарските државјани Орлин Русев, Бизер Џамбазов и Катрин Иванова се тројцата осомничени шпиони за Русија во Велика Британија кои се уапсени уште во февруари кога им е одреден притвор поради тоа што работеле за руските безбедносни служби.
Тројцата се товарат дека поседувале лични документи со „несоодветна намера“, а се тврди дека ги имале знаејќи дека се лажни.
Документите вклучуваат пасоши, лични карти и други документи за Велика Британија, Бугарија, Франција, Италија, Шпанија, Хрватска, Словенија, Грција и Чешка.
Тројцата обвинети биле уапсени според Законот за службени тајни од детективи за борба против тероризмот од Лондонската полиција, која има национална полициска одговорност за шпионажа.
Орлин Русев, 45, од Грејт Јармут, Норфолк
Бизер Џамбазов, 41, од Хароу, северозападен Лондон и Катрин Иванова (31) од истата адреса на Хароу со години се во Велика Британија, каде работеле на различни работни места и живееле на низа имоти во предградијата.
Пелин Русев според Би Би Си има историја на деловни зделки во Русија.
Тој се преселил во Велика Британија во 2009 година и поминал три години работејќи во техничка улога во финансиските услуги.
Неговиот онлајн профил на LinkedIn наведува дека тој подоцна поседувал бизнис вклучен во разузнавање сигнали, што вклучува следење на комуникациите или електронски сигнали.
Русев, чија последна адреса е приморска куќа за гости во Грејт Јармут, исто така вели дека некогаш работел како советник на бугарското Министерство за енергетика.
Во Хароу, поранешните соседи ги опишале Џамбазов и Иванова како пар.
Џамбазов е опишан како возач за болници, а Иванова се опишува себеси на нејзиниот онлајн профил на LinkedIn како лабораториски асистент за приватен здравствен бизнис.
Двојката, која се преселила во Британија пред околу една деценија, раководела со организација на заедницата која обезбедувала услуги за бугарските државјани, вклучително и нивно запознавање со „културата и нормите на британското општество“.
Според бугарските државни документи на интернет, тие работеле и за изборните комисии во Лондон кои го олеснуваат гласањето на бугарските избори од граѓаните кои живеат во странство.
Повеќе на BBC





