Проблем кој со години никако да се надмине. Во Охридското езеро со години не е извршено порибување со подмладок на јагула, иако се наоѓа на црвената листа на загрозени видови, објави Алфа. Последен пат ЕСМ извршило порибување со овој вид риба кој е пред истребување, на 29 септември 2019-та година кога во езерските води биле пуштенивкупно 29.421 парчиња подмладок,со вкупна тежина од 865 килограми.

ЕСМ се правда дека не е извршено порибување од повеќе причини,прво дека наводно бил забранет извоз на јагула во земји кои не се во ЕУ, иако има и други земји од каде може да се набави подмаладокот, велат познавачите на состојбите.
Ако ја нема јагулата, ќе се наруши целиот екосистем,алармира Димитриески,укажувајќи дека треба да се внимава и од каде се набавува подмладок за прибивање.Тој потсетува на недозволивиот пропуст што се случил во изминатите години,кога Охридско се порибило со машки единки на јагула, која никогаш не живеела во Охридското езеро.
Се обративме и до ЕСМ, прашавмезошто Охридското езеро не е порибено со подмладок на јагула од 2019-та година? Дали се точни информациите дека пропаднале неколку тендери за порибување? Ако е така, кои се причините за тоа? Дали при одлучувањето на последниот тендер се испочитувани европските регулативи, односно дали е точно дека избраната компанија не е лиценцирана за порибување со јагула? Не интересираше и дали има сертификат дека јагулата со која ќе се порибува потекнува од отворени води или е од фарма, но одговор на прашањата, не добивме.





