Вучиќ: Ана Брнабиќ нема да потпише закон за истополови бракови

Претседателот на Србија, во гостување на ТВ Пинк, изјавио дека побарал од премиерката Ана Брнабиќ да не го потпишува законот за истополови бракови.



„…И кажав на Ана Брнабиќ и ја замолив да не го потпишува законот за истополови бракови додека јас сум претседател на државата. Јас сум виновен за тоа, а не Ана Брнабиќ. Таа работи на тоа. Мислам дека таа е извонреден премиер, но додека јас сум претседател таа не може да ги спроведе тие закони“, рече Вучиќ.

Вучиќ рече дека премиерката Ана Брнабиќ се залага за правата на ЛГБТ популацијата, но дека тој смета дека Србија е традиционално општество кое не е подготвено за толку голема промена во овој поглед, иако нагласува дека ги почитува сите разлики и дека секој има право на избор.