Професорката Катерина Колозова демантира дека на амбасадорката Анџела Агелер и го порачала тоа што јавно и го напиша.
Таа сега тврди дека уставните измени и влезот на Бугарите во уставот мора да се случи а предходно објавеното на нејзиниот профил на Фејсбук било напишано со иронија.
,,Обратно, ДЕЗИНФОРМАТОРИ: Уставните измени мора да се изгласаат, мора да се остане на патот на ЕУ. Мојата критика е дека во оваа земја САД поддржува НВОа кои мислат како вас. Пошто ова е демант, да го објавите. (Не знаете иронија во тон да прочитате, а?)”, пишува Колозова во демантот.
Целиот текст за пораката на Колозова до Американката амбасадорка во кој се гледа дали таа користи иронија.
Колозова и порача на Агелер дека е доцна за Бугари во уставот: Не можете да убедите никого






