Петковиќ: Изјавите на Курти не се само безобразни туку и опасни

„Што друго е потребно за спонзорите на Курти во меѓународната заедница да се вразумат и да сфатат дека негуваат чудовиште, кое ако не се запре, ќе разгори нов бран на конфликти и уништувања на Западен Балкан“, реагира директорот на Кацеларијата за Косово и Метохија, Петар Пековиќ на изјавите на косовскиот премиер Албин Курти дадени во Тетово.



Изјавата „Скопје да се приближи кон Косово, Албанија и Бугарија, и да се оддалечи од Србија“, е „безобразлук и повеќекратен нонсенс“, бидејќи таквите изјави ги дал кога „отворено се ангажира на дестабилизација на Македонија“, рече Петковиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Петковиќ во изјавата што ја пренесе Канцеларијата за Косово и Метохија, наведе дека Курти допатувал во  Македонија да ги подбуцнува најекстремните политички структури на Албанците и да го промовира фашистичкиот проект на т.н. Голема Албанија.

„Самопрокламирајќи се за политички и идеолошки ментор на оние који би ја дестабилизирале и поделиле Македонија, Курти својата воинствена мисија од Косово ја прошири и на соседните територии кои ги смета за составни делови на својот налудничав големоалбански државотворен проект“, вели Петковиќ.

Тој додаде дека „е разбирливо Курти да го напаѓа Белград од Тетово, кое во блиското минато беше во фокусот на албанскиот тероризам и сепаратизам во Македонија, бидејќи Србија е најдоследниот и најискрен пријател на Македонија во регионот“.

На изјавите на Курти реагираше и поранешниот министер за одбрана на Србија, Драган Шутановац, кој порача дека Курти одамна би започнал војна во регионот, да имаше воена моќ и поддршка…