Стоилковиќ: Курти е сериозен паликуќа во регионалната констелација на односите

Пратеникот во македонското Собрание и лидер на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ, реагира за пораката на косовскиот премиер Албин Курти од Тетово дека Македонија треба да им се приближи на Албанија, Косово и Бугарија, а да се оддалечи од Србија.



„Секој има право на свој политички став, има право да мрази и да сака, но кога мрази како што енверхоџистот Курти ги мрази Србите и врз основа на таа омраза ги тероризира Србите на Косово и Метохија, тоа може да се толерира, дури и да се поддржува колку што е можно повеќе, понекогаш со молчење, понекогаш бестијално и бесрамно јавно, па дури и да се прогласува за демократска вредност. Кога не толку одамна ѝ упатив прашање на македонската јавност дали реториката на Албин Курти ја загрозува регионалната стабилност, премолчено се помина преку тоа, па дури и со поддршка за Курти. Ама вчера и денес гледам кога истиот политички испрдок, фален демократ, енверхоџист по убедување, удира по грбот на македонскиот народ и држава, се јавија политички полноглавци да ни солат памет и кој знае по кој пат да се прават лажни патриоти. Ќе се препознаат самите, не грижете се, оти народот одамна ги препозна. Зимата, а и летото, можеби е најдоброто време да нè потсети на лушпата на ништожноста, недостојна дури и за тешко скротливи ѕверови. Од авион се гледаат инструираните потрчковци кои сега божем го осудуваат Курти, но никогаш нема да кажат ништо за тоа дека Македонија е претворена во политичка буниште, каде што е Албин Курти е главниот политички гостин, но и единствениот. Како да ќе заборавиме дека не така одамна на форумот во Преспа беше главен гостин, претставен како демократска надеж на регионот, иако станува збор за сериозен паликуќа во регионалната констелација на односите, каде што и Македонија има своја улога, но никому не горела до зората, па нема ни на овие политички абортуси“, го цитира Стоилковиќ белградскиот дневен весник „Политика“.