МВР ги снимила луѓето што вееа знаме со ,,Велика Албанија” но никој не ги гони

Припадници на МВР ги снимиле луѓето што вчера вееле знаме со ,,Велика Албанија” но засега никој не ги гони.



Согласно законските правила за документирање на јавни собири припадници на МВР ги снимиле лицата кои го вееле знамето на кое е прикажана Голема Албанија, велат неофицијални извори во МВР за expres.mk.

Изворите тврдат дека снимките се доставени до соодветните органи на министерството и ако министерот Спасовски даде согласност тие ќе бидат гонети за некое од кривичните и прекршочни дела кои ги сториле со варење на знаме кое е спротивно територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија.

За време на вчерашниот концерт во Тетово се вееше знамето со карта на т.н. „Голема Албанија“, а тоа се виде од фотографиите кои тетовскиот градоначалник Касами ги сподели на својот Фејсбук профил.

Поводот за концертот беше доаѓањето на косовскиот премиер Албин Курти.

Од „Макфакс“ побарале одговори зошто дозволил да се вее етничкиот симбол каде дел од териториите на Македонија, Црна Гора, Србија и Грција се преставени како дел од т.н. „голема Албанија“, но немало одговор на пораката.

Предходно за вршење на знаме со сонцето од Кутлеш по налог на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во два наврати е поднесена пријава за адвокатот Тони Менкиноски.

Зошто Спасовски не ги гони промоторите на Голема Албанија како што го гони Менкиноски за сонцето од Кутлеш (ФОТО)