Без никаква дебата, без консултација на граѓаните пред 2 години во советот на градот Скопје насилнички беа преименети скоро 500 улици и мостови и други објекти во главниот град, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Дали неспособните од власта на СДС знаат чив главен град е Скопје, дали на Македонија или на некоја друга држава?
Вчера во Скопје без никакви македонски обележја и со голема помпезност и во присуство на премиер од друга држава, беше преименета улицата Втора Македонска ударна бригада во име на косовски борец Адем Демачи. Улицата го добива името на Демачи, кој нема никакви допирни точки ниту со историјата на Македонија, ниту пак со Скопје, туку имал националистички идеали поврзани со други држави, реагираат од партијата.
Од опозицијата прашуваат дали советниците на СДСМ знаеле што гласаат во 2021 година во Советот. Се поставува и прашањето колку други спорни имиња на улици, мостови и булевари има во изгласаните измени на имиња на улици, мостови и булевари.
-Пиуните од СДС ќе останат запамтени како најголеми уништувачи на македонската историја и одбележувањето на историските личности и настани на Македонија?, стои во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ






