Десет млади спортисти од Бурунди кои пристигнаа во Риека на Светското кадетско ракометно првенство се уште се водат за исчезнати.
Тие во средата го напуштиле универзитетскиот кампус каде што престојувале, а полицијата интензивно трага по нив.
„Седевме таму, имавме пауза, јас и моите колеги, колегата ми рече – види каде одат овие луѓе, облечени се во долги спортски панталони и долги маици, се спремаат да излезат некаде, тоа е Сè што кажа. Ништо не сугерираше дека одат некаде“, вели за RTL Danas Андреа Мужевиќ, вработена во Студентскиот центар во Риека.
Тоа, вели, било во средата околу 15 часот и 30 минути. Заминале во непознат правец, не се јавуваат на мобилните телефони и им се губи секоја трага.
Преку аеродромот во Загреб во Хрватска пристигнаа вкупно 19 членови на делегацијата – 16 играчи и тројца членови на стручниот штаб.
Нивните шенген визи важат до 15 август, а дотогаш со нив и со лични документи можат слободно да патуваат низ Европа.
„Сите опции се можни кога станува збор за вакви случаи“, вели шефот на Службата за илегална миграција, Томислав Хорват.






