Општина Бутел отпочнува постапка за подигање споменик за 8-те убиени македонски бранители кај месноста Љуботенски Бачила во 2001-та година. Иако градоначалникот Костовски ја покани министерката за одбрана Петровска, заедно да ја погледнат локацијата која ја одбра општината за поставување, споменик, таа не дојде. Костовски, се надева дека изјавата на Петровска не беше само декларативно кажана, и конечно државата ќе подигне споменик за македонските бранители од 2001-та година.
- „Навистина ми е жал, иако утрово беше уредно поканета со официјален допис од Општина Бутел до Министерството за одбрана односно до министерката Петровска, да дојде заедно да ја погледнеме локацијата бидејќи денеска практично Општина Бутел ја отпочнува документацијата за подигање на споменик на оваа локација, за да се подигне Таа не дојде на мое огромно жалење и не сакам да мислам дека во текот на вчерашниот ден само декларативна и беше изјавата, и се надевам дека понатаму нема да изнаоѓа изговори како да не дојдеме до споменик“ вели градоначалникот Костовски во изјава за Алфа.
И додека Бутел веќе ја почна постапката, министерката за одбрана Петровска се уште се кара. Го изигнорира Костовски, додека на градоначалникот на Желино му возврати со зборовите: „во услови кога градбите на пола општина му се дивоградби не е баш умесно да ми дава правни совети“.
Таа тврди дека споменици ќе има на сите три локации за што било поднесено иницијатива и ќе бидат финансирани од Министерството за одбранa.






