Најголемиот македонски производител на храна не дозволува да страда од неспособноста на институциите

Земојделскиот Комбинат Пелагонија кој е најголем производител на храна во Македонија најавува дека нема повеќе да дозволи да трпи штети заради неспособноста на менаџментот на Јацното Претпријатие Стрежево.



,,ЈП Стрежево со години нанесува материјални штети на ЗК Пелагонија. Одлуката да ја блокираме сметката е единствено во насока да го заштитиме нашиот комбинат после долги години толерирање на неспособноста на раководството на ЈП Стрежево.

Штетите врз комбинатот се нанесени од повеќе аспекти на работењето на ЈП Стрежево, непрофесионалноста и некомпетентноста на раководството. Секоја година се соочуваме со нефункционирање на цели канали за наводнување, немање доволен притисок на вода за работа на системите за наводнување и постојани дефекти во тек на сезона на наводнување. Со истите проблеми комбинатот се соочува и оваа година и повторно трпиме големи штети. Насадите на ЗК Пелагонија повеќе денови и недели се оставени без капка вода во најкритичните периоди за пченката иако во езерото има доволно вода, но ЈП Стрежево не е способно истата да ја испорача”, објави комбинатот кој се соочува со сериозни последици заради неспособноста на менаџментот на јавното претпријатие.

Во 2015 година ЈП Стрежево имаше големо свлечиште со што се направи огромна штета на пролетните култури на ЗК Пелагонија. Во текот на сезоната за наводнување системот за наводнување на ЈП Стрежево не функционираше и поради неснабдувањето со вода имавме штета од 1 милион евра, која што претходниот директор на ЈП Стрежево не ја признаваше и ние бевме принудени да отпочнеме судски спор, велат од комбинатот.

,,ЗК Пелагонија по добивањето на пресудата од страна на Апелационен суд Битола ТСЖ-262/21 од 11.01.2022 година, не ја блокира сметката на Стрежево и побара спогодбено да се плаќа на рати со цел да не се прават нови жалби и да не продолжува спорот. И, покрај покажаната добрата волја, ЈП Стрежево го оспорува одлучувањето на судот и повторно се потврдува првичната одлука, со нова пресуда донесена од Апелационен суд Битола под број ТСЖ-85/23 од 14.06.2023 година.

И покрај потврдата на одлуката во корист на Комбинатот, не беше активирано извршување, туку повторно беше понудено плаќање на рати, согласно можностите на Стрежево и потребите на ЗК Пелагонија.
ЈП Стрежево не го испочитува ниту овој договор, а ЗК Пелагонија се доведува во неповолна финансиска позиција во период кога е есенската сеидба, кога средствата за нејзина реализација се крајно неопходни и кое било задоцнување во набавките се одразува на квалитетот на идното производство следната година”, стои во соопштението на ЗК Пелагонија од каде потенцираат дека поради ваквото непрофесионално и неодговорно работење комбинатот и оваа година 2023 повторно трпи големи штети.