Полска ќе одржи референдум за приватизација на државните компании. Ова го изјави лидерот на владејачката партија, цитиран од Ројтерс.
За нас гласот на обичните Полјаци е секогаш одлучувачки.
Гласот на странските политичари, вклучително и на германските, е ирелевантен, посочи лидерот на Право и правда Јарослав Качински.
Според него, прашањето на референдумот ќе биде: „Дали ја поддржувате продажбата на државните претпријатија?
Владејачката партија „Право и правда“ тврди дека главната опозициска партија, либералната Граѓанска платформа, која ја предводи поранешниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск, им помага на странските интереси, особено оние на Германија.
Според Качински, Германците сакаат да го распоредат Туск во Полска за да го продадат заедничкиот имот.
Долниот дом на полскиот парламент следната недела ќе го разгледа законот за организирање референдуми.






