Американската амбасадорката Анџела Агелер ги оцени како лажни вести најавите дека некој ќе може да го репреговара договорот кој беше постигнат помеѓу Македонија и Бугарија минатата година за вметнување на Бугарите во Уставот.
„Европската унија беше кристално јасна за тоа што се бара од оваа земја за да се придвижи напред кон интеграцијата и да биде целосно рамноправна членка на евро-атлантската заедница. Тоа ќе се постигне со исполнување на обврските од договорот постигнат минатото лето и со тоа да оди напред низ разните пристапни процеси.
Лажна вест е тоа дека некој може да го репреговара договорот постигнат минатото лето. Тоа се лажни вести. Исто така лажна вест е дека е можен подобар договор кој сè уште не сме го откриле.
Амбасадорот на ЕУ овде во Скопје Гир, но и Брисел беа многу јасно дека ова се барањата за одење напред.
Така што уште еднаш, наместо да биде заглавени во историски прашања и контексти, тоа што е барање на граѓаните од политичарите кои ги избрале, е тие да работат за нивните интереси и да ја придвижат земјата кон Европската унија. Тоа е местото каде што се можностите за економски раст, образование, социјала, трговија и многу други можности постојат.
И навистина искрено за надевам дека тие ќе ги направат тешки одлуки”, рече Агелер во гостување на ТВ Канал 5.
Прашана за мислење за најавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека нема да гласа за уставните измени, Агелер вели дека таа не може да одговори наместо лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
Амбасадорката, како што рече, сепак се надева дека сите политички чинители ќе го препознаат овој клучен момент за земјата и ќе донесат добри одлуки за граѓаните, а не одлуки кои се базираат на политички или лични аспирации.






