Бројот на загинати во шумскиот пожар што го пеплоса туристичкиот град Лахаина на хавајскиот остров Мауи се искачи на 53.



Најмалку три големи пожари избувнаа во вторникот вечерта на Мауи, отсекувајќи ја западната страна на островот и историскиот град Лахаина, каде што беа уништени или оштетени најмалку 271 градба.

Покрај 53-те смртни случаи на островот Мауи, локалните власти имаат околу 1.000 исчезнати лица.

Проценуваат дека бројот на загинати ќе се зголемува.
пред еден час

Пожарите не се непознати за Хаваи, но оние што избувнаа во последните денови се сметаат за едни од најлошите во историјата на архипелагот.