Никој не сака во Бугарската армија од страв да не биде пратен на фронтот во Украина?!

Бугарскиот министер за одбрана Тодор Тагарев во интервју за телевизијата Евроњуз Бугарија се пожали дека нагло паднал бројот на заинтересирани да станат дел од Бугарската армија поради (дез)информациите дека членката на НАТО ќе испрати војници на фронтот во Украина.



„Поради моќната дезинформативна и пропагандна кампања, која има проруски и антиевропски, односно антибугарски интерес – на пример, дека ќе испратиме војници да се борат на фронтот, бројот на луѓе кои сакаат да се приклучат на армијата нагло се намали“, изјави Тагарев.

„Годинава ситуацијата е полоша и за мене, без да сум направил некои посебни студии, но тоа е многу логично објаснување што го наоѓам, имено – пропагандата и дезинформациите со кои е преплавено бугарското општество“, додаде министерот и увери дека неговото министерствоќе се спротивстави со отворена комуникација.

„Нема кој во блиска иднина да изврши агресија врз Бугарија, освен Русија“, смета Тагарев.