По две години од донесување на програмата, сеуште не се реконструирани аеродромите

По повеќе од две години од донесување на ТАВ Македонија се уште не е потрошена сумата од 15 милиони евра за реконструкција на двата македонски аеродроми, пишува Фактор. Последната одлука на Владата донесена минатиот месец е овие 904 милиони денари да ги контролира акционерското друштво во државна сопственост „Аеродроми на РСМ“ и да послужат за модернизација и проширување на терминалната зграда само на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.
Во 2020, кога беше донесена ТАВ-програмата во вредност од 50 милиони евра наменети за десетици локални проекти, беше одлучено сума од 15 милиони евра да биде искористена за обновување на терминалите на скопскиот и охридскиот аеродром, а проектот да го надгледува Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.



– Во меѓувреме беше заклучено дека нема потреба од овие пари да се инвестира во скопскиот терминал и сите средства да се пренасочат во охридскиот, како и тоа дека тука надлежност има АД Аеродроми,
Првиот човек на државното акционерско претпријатие, под чија надлежност се двата аеродроми, вели дека со овие 15 милиони евра самиот ТАВ Македонија како концесионер ќе објавува повик за изведувачи.

– Тие имаат свој оператор ТАВ Констракшн кој ќе биде задолжен за тоа, а ние ќе треба да спроведеме повик за надзорот на изградбата, како и да се погрижиме за самата урбанизација, бидејќи ќе има проширување за околу 1.000 метри квадратни. Парите за надзорот ќе бидат предвидени во планот за 2024, но бидејќи обично трошоците за негово ангажирање се околу 3-4 отсто од целата инвестиција, ние ќе побараме од ТАВ Македонија да ни помогне со донација, затоа што нашето друштво нема толкав годишен буџет за да може тоа да го покрие, тврди Ангеловски.
Од ТАВ-програмата неискористени остануваат уште 16,4 милиони евра, според одлуката на Владата донесена на 25 јули, а која треба да се примени од 1 август.

Извор : https://faktor.mk/povekje-od-dve-godini-15-milioni-evra-chekaat-za-moderniziranje-na-terminalot-na-ohridskiot-aerodrom-