Минималната плата и пензија никогаш не биле исти, а линеарно покачување не постои никаде, вели актуелната претседателка на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова.



Таа во гостување на Сител кажа дека ги почитува барањата на пензионерите и нивното право на протест, но вели дека „работата не ѝ е на улица“ и затоа нема да оди на големиот протест што го најавуваат пензионерите за понеделник во Скопје.

Трајкова објаснува дека таа протестира така што работи и е во преговори со институциите, односно со Министерството за труд и социјална политика, на покачување на минималната пензија. Таа истакна дека на ова прашање се работи континуирано уште пред да почнат протестите.

После одморите таа најави дека ќе се утврди за колку точно ќе се зголемат минималните пензии.

Таа објаснуваше дека олеснувања за пензионерите може да се дадат и на други начини со ослободување од партиципација во здравството, проширување на позитивната листа на лекови, субвенции за пензионерските домови…