Застрелан е кандидат на претстојните претседателски избори во Еквадор. Фернандо Вилависенсио, член на националното собрание на земјата, бил нападнат во главниот град Кито , јавува Би-Би-Си.
Еден член на неговиот предизборен тим изјавил за локалните медиуми дека Вилависенсио влегувал во автомобил кога еден човек истрчал напред и го застрелал во главата.
Смртта беше потврдена на социјалните мрежи од актуелниот претседател Гиљермо Ласо.
Ласо рече дека е огорчен и шокиран од убиството и вети дека ова злосторство нема да остане неказнето.
„Организираниот криминал измина долг пат, но целата тежина на законот ќе биде на нив“, рече тој.






