Клиниката за инфкетивни болсти неопходниот лек кој што е наменет за тешки клинички форми на болеста го имаат на располагање, тој деновиве е пристигнат во земјава, по, како што се претпоставува – од убод од крлеш на една пациентка.
Болничарката која е заразена со конго-кримска хеморагична треска е во стабилна состојба, со повремено покачена температура, но без други симптоми на болеста, информираат од Клиниката за инфкетивни болсти неопходниот лек кој што е наменет за тешки клинички форми на болеста го имаат на располагање, тој деновиве е пристигнат во земјава.
Според директорката на Инфективна, д-р Милена Стевановик лекот е обезбеден во соработка со Светската здравствена организација и Лекари без граници.
„Успеавме за многу кратко време да добиеме количина на лекот, во случај да ни треба за нашата пациентка. Искрено се надевам дека нема да имаме таква состојба за да го искористиме. Но, ако ни треба и тој лек го имаме. Лекот се дава само во друга ситуација, кога се нема друг избор, при исклучително тешка клиничка слика“, вели Стевановиќ за МИА.
Од останатите вработени кои на Клиниката за инфективни болести се под медицински надзор ниту еден до сега нема пријавено симптоми на болест.
На 30 јули во Македонија од конго-кримска хеморагична треска почина жена од Штипско, по убод од крлеж. Од неа се зарази болничарка, која е хоспитализирана на Инфкетивната клиника.
Претседателот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ деновиве кажа ситуацијата е под контрола и дека нема простор да се крева паника. Според него се што е потребно е направено од страна на Институтот за јавно здравје и Клиниката за инфективни и фебрилни состојби.







