Член на владината историска комисија со Грција ја обвини владата на лидерот на бугарската партија ГЕРБ Бојко Борисов дека е синхронизирана со ВМРО-ДПМНЕ за блокада на уставните измени.

Професорката Ана Чупевска во став без никаква политичка логика обвинува дека екс министерката за Бугарија Екатерина Захариева која е најблизок соработник на Бојко Борисов е синхронизирана со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во блокада на уставните промени.
Чупевска кој освен што со години добива го огромниот хонорар од историската комисија со Грција беше дел и од платената експертска група за уставни промени за што не се знае колку пари добила.
Таа важи за еден од идеолозите на СДСМ но очигледно не ја познава политичката сцена во Бугарија и кажува работи кои немаат логика.
Чупевска која добива големи пари од владата со обвинување на Захариева го обвинува и шефот на ГЕРБ Борисов кој пак важи за политичкиот авторитет кој стои зад владата во Софија со што професорката практично ја обвини бугарската влада дека е синхронизирана со ВМРО-ДПМНЕ.
Во текст со наслов ,,СИНХРОНИЗИРАНО ПЛУКАЊЕ” Чупевска тврди дека ГЕРБ на Борисов соработува со ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски.
,,Дуото Захариева/Каракачанов синхроно пливаат со дуото Мицко/Орце”, и се разбира со взаемно плукање. Но, се со цел разгорување на националната омраза помеѓу двата народа, македонскиот и бугарскиот. Во ваквото плукање во далечина, нема ниту една точка на интерес која би била во корист на двата народа, освен на оние групи на кои европските перспективи на Македонија не и одговараат, а уште помалку добрите и пријателски односи со Бугарија.
Треба са се запрашаме кој им го полни базенот на пливачите? И да се запрашаме кој е поважен: Македонско-Бугарскиот договор за пријателство или на Каракачанов/Захариева-Мицко/Орцевиот договор за пријателство”, пишува Чупевска во аматерската анализа во која таа прави нелогични оценки кои немаат врска со политичката логика.

Освен како научник близок на СДСМ Чупевска стана позната со јавна поддршка на идеи за апсење на десетици македонски новинари.





