ЕВН влезе во Слупчане: Сите ќе плаќаат за струја!

Од ЕВН велат дека законите кои важат за сите корисници ќе продолжат да важат и понатаму, откако денеска еклипи на австриската компанија почнаа со работа во липковското село Слупчане.



Во дел од селото веќе се заменети орманите, а договорено е корисниците на социјална парична помош да ги плаќаат заостанатите сметки на рати, кажаа претставниците од општината, дознава Плусинфо.

Ковачевски: Поединци од Слупчане го организираа бунтот, има домаќини кои си ја плаќаат струјата

„Состојбата беше бурна и луѓето од селото сакаа да знаат што ќе работи ЕВН. Тие се приватна компанија и сакавме да знаеме што конкретно ќе работат како и за сите приватни компании. Половина од селото користат социјална помош и имавме барање долговите да се плаќаат на рати, што важи за сите граѓани во Македонија“, изјави претседателот на советот на Општина Липково, Зекрија Шаини.

Според Шаини, во Слупчане има над 60 проценти жители кои плаќаат сметки.

Мрежата во Слупчане не е реконструирана повеќе од 20 години од конфликтот во 2001 година.