Поранешниот потпретседател на Движењето Беса, Аријанит Хоџа, ја започна процедурата за формирање на најавената партија, која ја нарече Европска демократска партија.
За ТВ21 Хоџа вели дека ги собира потребните потписи и е во фаза на формирање на партијата.
„Ние сме во фаза на формирање и целиот наш фокус е да го завршиме овој процес. Следната фаза е фокусот да придонесеме за уставните измени, а во зависност од епилогот на уставните измени ќе го откриеме и нашиот концепт како ја гледаме политичката иднина“, вели Хоџа.
Ова е уште еден полиѕтички субјект во условно наречениот албански политички блок, имајќи пред вид дека на 13 август Изет Меџити ќе го офијалицира својата партија Демократско движење.







