Над 176.000 пензионери во Македонија примаат пензија пониска од минималната плата, која не ги задоволуваат основните животни потреби.
Пензионерскиот синдикат бара да се спроведе законско решение со кое просечната пензија ќе биде 60 проценти од просечната нето исплатена плата, а сите пензии линеарно да се корегираат, се вели во соопштението на Пензионерскиот синдикат при Конфедерацијата на слободни синдикати го поддржува барањето на пензионерите за линеарно усогласување на пензиите.
Просечната нето исплатена плата за месец мај 2023 година изнесува 36.465 денари. Доколку се применува нашето предложено законско решение просечната пензија да биде 60 проценти од просечната плата, просечната пензија би изнесувала 21.879 денари.
Разликата би изнесувала 2.829 денари од пензијата исплатена во мај 2023 која изнесува 19.050 денари. Тоа би значело дека ПСМ предлага линерано усогласување на сите пензии за 2.829 денари, се вели во соопштението.
Пензионерските протести, како што наведуваат од Синдикатот, ги поддржуваат поради револтот кај пензионерите од зголемување на платите на функционерите од 78 проценти.






