АЕК ги затемни сите слики на официјалните профили на социјалните мрежи во спомен на убиениот 29-годишен Михалис.
Сега ја објавија неговата фотографија со натпис: „Михалис, АЕК никогаш нема да те заборави, бараме максимална казна за убијците!“
Симпатизерот на атинскиот фудбалски клуб АЕК е убиен со нож во тепачка со навивачите на Динамо Загреб и Панатинаикос од Атина кои се во добри односи со Бад Блу Бојс.
Најмалку шест лица се повредени во навивачки пресметки пред првиот натпревар од третото прелиминарно коло во Лигата на шампионите, што требаше да се одигра вечерва во 20:45 часот на стадионот на АЕК.
Полицијата соопшти дека во врска со инцидентите се приведени 98, од кои 84 хрватски државјани, еден Австриец, еден Босанец, еден Албанец, еден Германец и двајца Грци.
УЕФА официјално го потврди одложувањето на натпреварот меѓу АЕК и Динамо кој требаше да се одигра во 20:45 часот во Атина.







