Војна на Твитер: Хотелот на премиерот не бил 500 туку 400 евра од вечер и ,,вредел за сите пари”

Интересна ,,војна” се води на социјалната мрежа Твитер каде ,,ботовите” на СДСМ и премиерот Ковачевски се обидуваат да објаснат дека е нормално премиерот Ковачевски да биде сместен во суперлуксузенби суперскап грчки хотел каде смеатување за двајца е петсто евра од ден.



Откако критичари на власта објавија фотографии на Ковачевски од луксузниот хотел во Грција на социјалните мрежи почна операција на ботовите на СДСМ во која граѓаните се убедуваат дека 200 евра дневно по човек не е скапо.

,,Стаил слика каде што пишува 400 евра и ти вика дека е 500. Не бе, беа и останаа фабрика за FAKE NEWS. Башка што хотелов стварно вреди за парите”, пишува еден од попознатите ботови на СДСМ додека владата и кабинетот на Ковачевски молчат за суперскапиот одмор на премиерот.

Цената од околу 24 илјади денари или 400 евра е со попуст.

Во меѓувреме дел од најблиските соработници на Ковачевски летуваат во грчки кампови каде сместување за цело лето може да се плати со три дена луксуз во суперскапиот хотел на премиерот.