Откако Апелациониот суд во Скопје ја намали 18-годишната казна затвор на осум години, на велешанецот Ангелче Николов, кој лани во декември возејќи пијан, двојно побрзо од дозволеното, на пешачки премин ја усмрти 11-годишната Магдалена и ја повреди нејзината мајка, по што побегна од местото на настанот, Фокус дознава дека една од причините е – тоа што возачот не бил женет.



Пијан усмрти 11 годишно девојче, му ја намалија казната од 18 на 8 години

Намалувањето на казната за десет години, било образложено со тоа што Николов е млад човек, а и не бил оженет. Тој ветил дека нема да го повтори тоа кое го сторил, и бил подготвен да се промени и да се вклучи во нормалниот тек на здраво општествено живеење, пишува Фокус.

Претходните двапати, кога бил осуден за сообраќаен прекршок и му било забрането да управува со возило, укажувале дека изречените казни не влијаеле на него.
Инаку, максималната казна кој тој можеше да ја добие е 20 години затвор.

.