Фалсификуван лек за дијабетичари – Кои аптеки прескапо го продаваат „под рака“?!

Фалсификуван лек „Оземпик” нелегално се продава во Македонија, објави Алфа. Овој лек е строго забранет да се продава во веледрогериите, ама некои од нив под рака го продаваат. Но она што е најопасно – лажниот “Оземпик” пацинетите го купувале без рецепт и без препорака на лекар специјалист. Ко користеле и за лекување на други болести, како што е дебелина, а не за неговата основна намена. Од МАЛМЕД потврдуваат дека добиле претставка оти е пронајден фалсификуваниот лек во продажба, а во моментов истражуваат каде нелегално се продава.



„Пријавата до МАЛМЕД е примена кај носителот на одобрението кој има лиценца за дистрибуција на лекот Оземпик на пазарот. МАЛМЕД врши и инспекциски надзор во рамките на своите надлежности во областа на дистрибуција и продажба на лекот Оземпик низ територијата на РМ, но досега не најдовме конкретен случај. Злоупотребата на овој лек е многу актуелна и тоа е последица на препораките на социјалните мрежи и влијанието на познати луѓе (инфлуенсери) кои го наметнуваат врз граѓаните“, велат од МАЛМЕД.

Инаку овој лек се користи во државата, но во строги контролирани болнички услови.Но никако не смее да се продава во обични аптеки и пацинетите да си го купуваат на своја рака.

Дека на фармацевскиот пазар во Косово пуштен е во продажба лажниот „Оземпик“ алармираше пред три недели и ендокринологот Хасан Танер од ГОБ 8 Септември, каде откри дека на негова пацинетка ѝ била под рака дадена оваа терапија. Лекот „Оземпик“ во Македонија е во дефицит. Станува збор за добра дијабетна терапија која чини поскапо, но бројни пациенти во државата без препорака на доктор ја користат и за слабеење и тоа е јавна тајна.