Неофицијални владини извори откриваат дека деновиве се случува паника на Илинденска затоа што е можно стратешки ривал на НАТО и ЕУ да влезе во голем бизнис во Македонија.
Владата е вознемирена од можноста сериозен кинески капитал да влезе во македонскиот бизнис преку компанија која не е македонска.
Се работи за бизнис и огромен објект во туристичко – угостителскиот бизнис кој сега е сопственост на компанија од трета земја со која преговараат кинеските инвеститори.
Земјата од која доаѓа актуелниот сопственик на бизнисот е членка на НАТО но македонските власти не можат да го запрат проектот затоа што во последниве неколку години иако се работи за земја голем пријател на Македонија немаат добри односи со владата во Скопје.
Според непотврдени информации преговорите за влезот на кинески капитал во земјава се при крај и тие би можеле да бидат објавени до крајот на летото.
Кинеската инвестиција е дел од планот на официјален Пекинг за подлабока пенетрација во регионот што предизвикува нервоза кај македонските власти кои не сакаат кинески капитал во членката на НАТО.
НАТО сојузниците на Македонија влегоа во сериозни конфликти со Кина по информацијата дека Пекинг не исклучува инвазија на Тајван кој е пак стратешки партнер на САД.
Најчитани статии
Не баравте поддршка кога решаваа ,,Јас, тате и бате”






