Елена Устамитова, претседателка на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ вели дека од 2017 година до сега минималната пензија ја зголемиле за 46 отсто.
Пензионерите извисени: Бараат линеарно, а не процентуално зголемување на пензиите
„Преку новата методологија за усогласување на пензиите, обезбедивме системско решение за постојан раст на пензиите, двапати годишно. Преку таквата методологија за време на перидот од јануари 2022 година до септември 2023 година, пензиите ќе пораснат за 24 отсто. По рекордното зголемување во март оваа година од 8,4 отсто, веќе од следниот месец пензиите ќе пораснат за околу 6 отсто“, рече таа.
Инаку, македонските пензионери кои веќе од почетокот на новата работна недела, во повеќе градови од земјава се најавуваат поорганизирани и помасовни протести, но и со зголемен број на барања.
Како што објави Алфа, освен линерано зголемување на пензиите за 3.500 денари за сите, сега тие ќе бараат и на пензионерите со најниска пензија да им се обезбедат по три кубни метри огревно дрво, или во висина на тој износ да им се плаќа електричната енергија на оние што не се греат на дрва.







