Бејта денеска го придружуваше Ахмети во реканскиот крај, каде се одржа централната манифестација „Средби на Горна Река“ во организација на -Културното друштво „Горна Река“.
На ова наследство му припаѓа и Скендербег. Река е значајно место за нас кое мора да се чува со фанатизам и сакам да ја охрабрам и посакувам Здружението на Река да ја зачува и унапредува културата, фолклорот и говорниот јазик на Река. Овој говор е многу важно наследство на Албанците не само во Македонија бидејќи Река допира три граници Албанија, Косово и Македонија – изјави Ахмети.
Иако беше еден од водачите на „огнената група“ во ДУИ, поранешниот партиски потпретседател Невзат Бејта одби да се приклучи на новата партија на Изет Меџити и повторно му даде доверба на Али Ахмети.
Инаку, против враќањето на Бејта во ДУИ јавно се изјасни спикерот Талат Џафери.
-Секој ден кога почнувате со работа, погледнете се себеси во огледало и не заборавајте од каде доаѓате. Како не му е срам да се врати во партијата по сите критики на јавните излегувања – изјави Џафери во интервју за ТВ 21.






