Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, во објава на својата официјална страна на фејсбук, ги информираше дека денес се навршуваат седум години од катастрофалната поплава која во 2016 година ја погоди Oпштина Гази Баба.
Во објавата Стефковски напиша:
Почитувани граѓани,
Денес се навршуваат седум години од катастрофалната поплава која во 2016 година ја зафати општина Гази Баба.
22 наши сограѓани ги загубија своите животи и болката по нив ќе трае засекогаш…








