Јапонија денеска ја одбележуваа 78-годишнината од американското атомско бомбардирање на Хирошима, при што градоначалникот повика на укинување на нуклеарното оружје и ја нарече идејата на лидерите на Г7 за нуклеарно заплашување „лудост“.
Денеска во 8 часот и 15 минути по локалнмо време, заѕвони мировното ѕвоно, во исто време кога беше фрлена и бомбата.
Околу 50.000 учесници на церемонијата, вклучително и преживеани, одржаа едноминутно молчење.
Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш ја изрази својата поддршка. „Светските лидери го посетија овој град, ги видоа неговите споменици, разговараа со неговите храбри преживеани, а потоа се охрабрија да се залагаат за нуклеарно разоружување. Тоа треба да го сторат повеќе, бидејќи тапаните на нуклеарната војна повторно чукаат“, рече тој.
Денот на комеморацијата на жртвите од првиот нуклеарен напад во светот доаѓа во време кога многумина стравуваат дека Русија би можела да употреби нуклеарно оружје во војната со Украина.
Исто така, тоа доаѓа во време кога биографскиот филм Опенхајмер, кој го опишува создавањето на атомската бомба, стана хит во американските кина, но и во остатокот од светот.
Некои го критикуваа филмот дека во голема мера го игнорирал уништувањето на Хирошима и Нагасаки.
Бомбата фрлена врз Хирошима на 6 август, наречена „Мало момче“, веднаш уби 80.000 луѓе, а до крајот на годината уште 70.000.
Бомбата „Дебелиот човек“ беше фрлена во Нагасаки на 9 август, при што веднаш загинаа 22.000 луѓе, а уште 39.000 починаа од ефектите на радијацијата.
Јапонија се предаде на 15 август 1944-та.







