По пеколно жешките денови, Македонија ја очекува силен дожд засилен со грмежи низ цела држава, особено во попладневните часови. Од УХМР велат дека интензинтетот на невремето кај нас ќе биде послаб од тоа во Словенија, но сепак апелираат на внимателност. Предвидувањата се дека ќе паднат и до 20 литри дожд на поодделни места во земјава.

Претходно, невреме со град го зафати Белград, а на централните улици во градот се појавија струи од вода. Невремето со град беше проследено со силен ветер и дожд, како и со значителен пад на температурата.
Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) претходно соопшти дека времето во Србија ќе биде многу нестабилно со врнежи од дожд, обилни врнежи, грмежи и понекаде град, особено во попладневните и вечерните часови.
Како што наведоа, очекуваат врнежи од 20 до 40 милиметри, локално и до 70 милиметри, како и пад на температурата за околу пет до осум степени. Моменталната температура на повеќето места во Србија, како што е наведено на веб-страницата РХМЗ, се движи меѓу 26 и 32 степени.
Што се однесува до времето во наредните денови, ќе имаме пад на температурите кои ќе се движат од 14 до 33 степени.
И од Центарот за управување со кризи будно ја следат состојбата. Директорот Стојанче Ангелов вели дека се подготврени за евентуални несакани последици, зашто како што рече, не може да се игра со природата.
Според синоптичарите, месецов ќе биде значително посвеж за разлика од пеколен јули, кога температурата достигна и над 40 Целзиусови степени.





