Директорот на Македонска Царина Стефан Богоев за еден ден направил целосна чистка на раководните кадри кои биле поставени од човек близок на Зоран Заев што во кругови блиски на СДСМ се толкува како пресметка на лобито под контрола на екс премиерот со екипата на актуелниот премиер Ковачевски.
За 24 часа се сменети дури седум шефови поставени или блиски на вечниот шеф во сенка во царината Игор Милев, сопруг на апелациската судијка Тања Милева и човек од доверба на Зоран Заев,
Сега кога моќниот Милев е член на Управниот одбор на Телеком како предлог на СДСМ, новиот директор Стефан Богоев направил чистка на тие за кои се смета дека се блиски на Милев и Заев и поставил нови луѓе исто така од СДСМ но блиски на Богоев и Ковачевски.
Фокус ги објавува имињата на сменетите во овој текст






