На околу 250 работници им беа потребни неколку часа да расчистат до 30 сантиметри мраз по ненадејните врнежи од град во југозападното германско гратче Ројтлинген.



Делови од градот беа покриени со покривка од мраз дебела и до 30 сантиметри, соопштија властите во саботата.

„Локализирана бура со град и силен дожд“ го зафати централното градско подрачје во петокот попладне, изјави градски претставник за новинската агенција АФП.

Противпожарната бригада соопшти дека била повикана повеќе од 120 пати поради одговорот на ненадејното невреме.

„Првите операции беа луѓе заклучени во своите автомобили кои не можеа да се движат поради град на земја или поради тоа што вратите [на нивното возило] повеќе не можеа да се отворат“, рече портпаролот на центарот за одговор при итни случаи.