Фокус: Богоев во еден ден смени 7 раководители на Царина…

Директорот на Царинска управа, Стефан Богоев во еден ден направил промена на повеќе клучни раководни позиции во управата, неофицијално дознава “Фокус” .



Мелиха Панева, досегашниот помошник директор на сектор Акцизи оди на челната позиција во клучната царинарница Скопје, а на нејзино место доаѓа Весна Змајшек досегашен началник на Одделение за алкохол, алкохолни пијалоци и тутунски производи.

Смена има и на раководните позиции на Царинските испостави Скопје 1 и Скопје 2.

Исто така, сменет е шефот на граничниот премин Табановце, шефот на Мобилната Царина,

Нов управник на царинарница Битола, а промена има и на шефовското место на граничниот премин Блаце, пишува Фокус.