Најчевска: И јас се согласувам да плаќам струја како слупчанци

Професорката Мирјана Најчевска реагира на дозираните информации од преговорите ЕВН-жители на Слупчане во врска со обидите на австриската компанија да ја обнови мрежата и испораката на струја во ова село, од една страна, и 14-те барања на слупчанци кои условуваат под кои услови, кога и како, би се согласиле да плаќаат за потрошената електрична енергија.



По двете успешни средби, најавена е и трета во текот на идната недела…

„И некој ќе каже каков договор направиле жителите на Слупчане со ЕВН?

Еве јас на невидено се согласувам под истите услови како нив да плаќам струја“, објави Најчевска на Фејсбук.