Токсичен чад до Ресен, Преспа и Охрид. Како секое лето и ова, гори депонијата Буково, посочуваат активистите од О2 Иницијатива. Како што велат, се добива нагон на повраќање од чадот.
Од Центарот за јавно здравје во Охрид издадоа апел за граѓаните и туристите, да внимаваат и ако почуствуваат мирис на чад во утринските часови и навечер, да ги затворат прозорците, да останат во своите домови и да избегнуваат директно вдишување.
Решавањето на овој проблем оди пребавно, изградбата на регионалната депонија во Новаци треба да започне дури во 2024, а кога ќе заврши кој знае. До тогаш Буково ќе гори и сите места во околината ќе се трујат во најдиректна смисла на овој збор“, велат од „O2 Иницијатива“.
Непријатната миризба се чувствува во Охрид, кој е во екот на својата туристичка сезона, а граѓаните се жалат дека градот мириса неподносливо.






