Малата, но одбрана „чета“ македонски навивачи на трибините во Спортскиот центар „Замет“ во Риека со „Излези момче“ го награди уверливиот триумф на машката ракометна репрезентација на Македонија од 29:20 против Црна Гора во второто коло на мундијалот во Хрватска.
По бравурозната интервенција во 57. минута на голманот Иван Галевски при водство од 26:18 од грлата на фановите во црвено-жолти дресови спонтано се разлеа добро познатиот рефрен на „македонската фаланга“:
https://www.youtube.com/live/X8A8pxvhrLo?feature=share
Фото: 24ракомет.мк