Нов скандал со владин функционер, во криминалот помагале и пратеници

Постапувајќи по пријава од непознат подносител Антикорупциската комисија утврдила дека назначениот заменик директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап добил владина функција без соодветно образование.



Иако тој не ги исполнувал условите од конкурсот за заменик директор, сепак е избран од Собранието.

Во криминалот учествувале и пратеници од собраниската Комисија за прашања на избори и именувања.

Заменикот директор на Агенцијата Блерим Исеини до ДКСК лично доставил документ дека завршил факултет за новинарство во Тирана со што сам докажал дека го крши законот затоа што според Законот во кој се наведните критериумите за оваа висока позиција неопходна е диплома за завршени правни науки.

Членовите на ДКСК ќе поведат иницијатива за негово разрешување од заменичката функција во Агенцијата, но тие во исто време бараат дополнително одговорност и од пратениците, членови на собраниската Комисија за избори и именувања кои спротивно на законот гласале за негов избор.

Јавниот обвинител по службена должност може веднаш да покрене истрага за криминалот во владината институција и во собраниската комисија.