(Фото): Гостите фрапирани, 250 евра платиле ручек за четворица на црногорското приморје

Туристите во Црна Гора се изненадени од цените на мебелот за плажа, но и сместувањето и храната, па едноставен ручек за четиричлено семејство чини повеќе од 250 евра. Весникот „Дан“ од Подгорица објави фотографија од сметка што им ја испратил читател, на која се гледа дека за ручек за четиричлено семејство во ресторан во Луштица биле исплатени 256,50 евра.



Според сметката, киселата вода во овој ресторан чини 4 евра, чаша вино 13 евра, салата и тестенини по 18 евра, а торта за која читателот тврди дека е „минијатура“ дури 12 евра.